Киев бара од Црвен крст да помогне во поставување хуманитарни коридори

Од:

Украинската Влада побара од Меѓународниот комитет на Црвениот крст да помогне во воспоставување хуманитарни коридорди за цивили, по втората рунда мировни преговори со Русија.

– Постари луѓе, жени и деца не добиваат медицинска помош. Бебиња се раѓаат во визби, а првото нешто што го слушаат, се звуците на експлозии, изјави украинската вицепремиерка Олга Стефанишна.

Многу луѓе кои останале во земјата, се со инвалидитет и хронични заболувања, немаат ни што да јадат, ни што да пијат.

Во текот на вчерашниот ден, Киев и Москва се договорија да постават хуманитарни коридори.

Според Обединетите Нации, над 240 цивили се убиени од почетокот на руската инвазија, што почна пред недела дена.

Од Украина во Полска заминаа 672.000 бегалци од почетокот на инвазијата, според полската гранична стража.

Само вчера, 99.200 лица ја преминале границата.

Грчкото Министерство за заштита на граѓаните, денеска евидентираше 515 бегалци од Украина за 24 часа. Досега, Грција прими 2.704 Украинци, кои бегаат од војната.

Во Грција живеат многу Украинци, па затоа, голем број бегалци веќе имаат место, каде да останат одреден период.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Украина транспортирала околу 11,36 милиони тони руска нафта преку нафтоводот Дружба во 2024 година

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

„Нуклеарна сила да му прави отстапки на Киев, тоа никој не го разгледува“, Медеведев за германското сценарио за Украина

Катерина Ѓуровски