Основачот на Вконтакте му предложи на американскиот бегалец Едвард Сноуден да го вработи.
Сноуден денеска доби времен азил од една година во Русија. Имено, Павел Дуров, основач на мрежата Вконтакте или vk.com, изјави дека го повикува Сноуден да му се придружи на неговиот тим во Санкт Петербург.
– Во Европа нема попопуларна компанија. Мислам дека Сноуден ќе биде заинтересиран од идејата да се грижи за заштитата на личните податоци на нашите корисници, изјави Дуров.
Вконтакте е најпопуларна социјална мрежа во Русија со над 100 милиони корисници.
Full article