Советот за човекови права на ОН денеска со големо мнозинство гласаше за резолуција со која се осудуваат наводните прекршувања на човековите права за време на руските воени дејствија во Украина и со која се формира истражна комисија, што ќе ги истражи крѓењата на човековите права , јавија британските медиуми.
-Наша должност е да обезбедиме правда со наредба за набавка на документи и проверка на руските злосторства, како и идентификација на одговорните, изјави пред гласањето Евгенија Филипенко, амбасадорка на Украина во Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХЦР) во Женева.
Русија негираше дека имала за цел цивили во Украина, а нејзиниот делегат пред ОХЦР кажал дека поддржувачите на резолуцијата „ќе ги искористат сите расположливи средства за да ја обвинат Русија за настаните во Украина“.
Извор: МИА