Московската берза останува затворена

Од:

Московската берза останува затворена и денеска, соопшти Руската централна банка. Берзата ќе биде затворена до 8 март. Затворањето, според соопштението, вклучува „тргување и порамнување на сите пазари на Московската берза“.

Берзата не е отворена цела недела, откако Западот воведе санкции против Русија минатиот викенд.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера најави нови санкции против руските олигарси. Велика Британија, исто така, санкционираше двајца водечки олигарси чие вкупно богатство се проценува на 19 милијарди долари.

– Нема да запреме овде. Наша цел е да ја осакатиме руската економија и да ја изгладнеме воената машина на Путин, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски

Патрушев: Украина ќе престане да постои