Кина зафатена од најголемиот топлотен бран во последните 140 години

Од:

Огромна суша погоди 27,11 милиони луѓе на подрачјето на 11 кинески провинции и градови, јавија кинески медиуми.


Кинеското Министерство за цивилни работи соопшти дека 5,1 милион луѓе имаат проблем со снабдување со вода за пиење. Во економска смисла тоа значи дека државата има загуби од околу две милијарди долари.


Додека во некои провинции сушата трае повеќе од еден месец, источниот дел од земјата го зафати топлотен бран, а температурите во овие делови достигнаа највиско ниво во последните 140 години.


Сушата во Кина, исто така, погоди и три милиони хектари обработливо земјиште.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио