Украина на преговорите ќе побара воспоставување хуманитарни коридори

Од:

Украина на денешните преговори ќе побара воспоставување на хуманитарни коридори односно рута за бегство на цивилите од подрачјата каде има борби, изјави украинскиот преговарач Дави Аркамија на Фејсбук.

Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров посочи дека условите кои ги поставила Русија се минимални и оти ќе биде пронајдено решение.

– Секако дека ќе се најде решение, не се сомневам во тоа. Условите кои за нас се минимални се добро познати, за нив се разговара и на преговорите со украинската страна, како што беше во Гомел и како што ќе се случи денеска, наведе Лавров.

Тој додаде дека Русија е подготвена за дијалог со западните земји само доколку се земат предвид заедничките интереси.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина

Зеленски: Путин бара начини да го „скрши духот на Украина“