Шпански власти: Околу 1.200 мигранти се обиделе да ја преминат границата во Мелила

Од:

Околу 1.200 мигранти утринава се обиделе да ја прескокнат високата ограда што ја штити шпанската африканска енклава Мелила на северниот брег на Мароко, соопштија локалните власти, наведувајќи дека околу 350 од нив успеале да влезат во шпанскиот град.

„Околу 6 часот утринава командата на Цивилната гарда видела група од околу 1.200 мигранти како се приближуваат до оградата. Кога ги заобиколиле мароканските безбедносни сили, мигрантите почнале да ја прескокнуваат оградата, да фрлаат камења и да употребуваат стапови против безбедносните сили“ се вели во соопштението од префектурата Мелила.

Се додава дека околу 350 мигранти успеале да ја прескокнат оградата и на тој начин да ја поминат границата.

Мелила и Сеута се две шпански енклави во Мароко. Секоја година неколку стотици луѓе се обидуваат да ја прескокнат заштитната ограда на границата и на тој начин да дојдат на шпанско тло, односно на просторот на Европската унија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата