Јохансон: Треба да се подготвиме за пристигнувањето на милиони бегалци од Украина

Од:

ЕУ мора да се подготви за пристигнување на милиони бегалци од Украина, предупреди денеска еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

Таа прецизираше дека досега дошле околу еден милион луѓе. Според неа, многу малку од нив поднеле барање за азил.

Еврокомесарката изрази надеж дека предлогот на Европската комисија за обезбедување привремена заштита на Украинците – право на работа, здравствена заштита и образование – ќе биде прифатен во наредните денови. Според неа, досега ниту една земја од ЕУ не побарала воведување систем за прераспределба на украинските бегалци.

– Време е за силни одлуки, очекувам силно сочувство од сите земји на ЕУ за бегалците и европските земји каде главно пристигнуваат. Мораме да си помагаме, земјите не можат сами да се справат, додаде таа пред почетокот на дводневниот состанок на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Украина транспортирала околу 11,36 милиони тони руска нафта преку нафтоводот Дружба во 2024 година

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

„Нуклеарна сила да му прави отстапки на Киев, тоа никој не го разгледува“, Медеведев за германското сценарио за Украина

Катерина Ѓуровски