Туристички брод со 72 патници заринка крај брегот на грчкиот островот Крит, јави електронското издание на списанието „Епикера“, додавајќи дека при инцидентот нема повредени.
Бродот „Блек Роуз“ пловел туристички околу островот. По инцидентот патниците со други два брода биле пренесени до најблиското пристаниште на островот.
Властите запонаа истрага за утврдување на причините за инцидентот. На бродот му е забрането да исплови се до отстранување на штетата, предизвикана од заринкувањето.