Московската полиција приведе 1.400 илегални имигранти во рамки на големата операција за откривање на етнички криминални групи, соопшти денеска прес-службата на полицијата.
Меѓу приведените најмногу има виетнамски државјани, дури 1.200, а откриени се и дваесетина различни илегални работилници, се додава во соопштението.
Приведени се и државјани на Египет, Мароко, Сирија, Узбекистан и Азербејџан. Одреден број од имигрантите имале фалсификувани пасоши. Кај некои од нив е пронајденo и огнено оружје.
Во акцијата учествувале повеќе од 900 припадници на московската полиција.