Нови протести на Таксим, најмалку четири лица повредени

Од:

Турската полиција употреби солзавец и водени топови за растурање на стотината демонстранти кои вчера вечер се собраа на плоштадот Таксим во Истанбул, при што најмалку четири лица се повредени.

На плоштадот, што беше центар на најсилните протести во јуни, против владата на премиерот Ердоган протестираа околу 500 демонстранти.

Демонстрантите носеа пароли „Ќе издржиме додека не победиме“ и „Ова е само почеток, ќе продолжиме да се бориме“.

Турската исламистичка влада во јуни се соочи со бран протести поради плановите за реконструкција на паркот Гези, кои подоцна прераснаа во поголемо движење против политиката на владата.

Во немирите загинаа вкупно пет лица, а над 8.000 беа повредени. Властите го затворија паркот за јавноста откако полицијата застрела демонстрант на 15. јуни.

Паркот на почетокот на месецот беше повторно отворен, но протестите во него се уште се забранети.

Би можело да ве интересира

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски