Украинскиот претседател преку видео порака им се обрати на руските војници кои се во неговата земја. Ги повика да го остават оружјето и да дезертираат.
„Положете го оружјето. Оставете ја опремата. Бегајте од овде. Не им верувајте на вашите заповедници. Не им верувајте на пропагандистите. спасете си ги животите“ – рече Зеленски.
Тој се обрати и до Европската унија.
„Бараме итен прием во Европската унија под нов, посебна процедура. Сигурен сум дека Украина заслужува и дека тоа е можно“ – порача Зеленски.