Шефот на руската делегација и помошник на претседателот Владимир Путин, Владимир Медински изјави, како што јави руската агенција Интерфакс, дека Украина се согласила да дојде на преговорите во Гомел, Белорусија.
Медински рече дека руската делегација веќе имала намера да замине, но дека од украинската страна добила информација за потврда на преговорите.
„Потврда за разговорите добивме околу 15 часот, разговорите ќе се одржат во регионот Гомел, како што предложивме“, рече тој во руската амбасада во Минск.
Претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека би бил подготвен да разговара со Русија, но го отфрли нивниот предлог за средба во Белорусија.
Тој ги посочи како опции Варшава, Истанбул, Братислава, Будимпешта, Баку.