„Femme Fatale“ – фатална жена е онаа која мажите многу ретко или никогаш не ја забораваат.
Многумина мислат поинаку, но смислата на зборовите „фаталната жена“ е многу различна од „убава жена“.
Кога има убавица во друштвото, се разбира сите мажи остануваат без здив и без зборови. Но, по половина час поминат со прекрасното суштество, тоа им станува досадно и „убавината“ останува сама со себе. Ништо не го одбива до толку машкото его како што тоа го прави недоволната доверба во себе или ниската свест. Од друга страна, пак „femme fatale“ е жена која со нејзината харизма и однесување секогаш го добива машкото внимание.
Тоа е жена која не ги привлекува мажите со своите атрибути, какви што се облините, градите, цртите или задникот, туку со поинакви карактеристики, односно со својата фаталност.
Фатална = вампир жена?
Често доаѓа до изедначување помеѓу фаталната жена и вампир-жената, но тие не се исти.
Вампир-жената е ладна, строга и недостапна. Таа привлекува помал број од спротивниот пол, целосно е спротивна од фаталната која е достапна и не предизвикува страв. Затоа и страшната жена не е толку атрактивна колку што е нејзината против кандидатка.
Смисла за хумор е поважна од совршеното тело
Убавината и совршеното тело го инспирираат мажот некое време. Имено тоа дека мажите повеќе го сакаат само тоа тело, често се граничи со мит, затоа што мажите како и жените се интелигентни суштества и имаат нешто во умот. Добрата смисла за хумор за нив значи интелигенција и токму таа знае да им остави впечаток кој ќе го сакаат секогаш во своја близина.
Секојдневниот животе прично стресен, па рекласирачкото доживување и те како е важно за нив, како и воопшто за секој. Мажите се цел живот како на трка, тие мораат да бидат најпаметните, најдобрите и постојано да се на врвот. Затоа ништо не ги привлекува повеќе од жените со кои можат да се релаксираат, да се смеаат и да го поминат подобро своето време.
Една жена со чувство за хумор е дефинитивно „femme fatale“.