Британското МО оценува дека Руските воени сили не ги постигнале првично очекуваните цели

Од:

Русија не ги постигнала своите првични цели – борбите надвор од Киев биле ограничени на единиците на руските специјални сили, оценува британското Министерство за одбрана.

Џејмс Хипи, државен потсекретар во МО, зборувајќи на денешната програма на „Би-Би-Си Радио 4“, рече дека целите да се заземат клучните украински градови не се реализирани. Тој додаде дека Велика Британија не им верува на руските тврдења дека го зазела југоисточниот град Мелитопол.

„Украинскиот отпор на руското напредување изгледа извонреден. Сите цели во Харков, Керсон, Мариупол, Суми, па дури и Мелитопол, за кои Русите тврдеа дека ги имаат заземено уште првиот ден изгледа дека се уште се во рацете на Украина“, вели тој.

„За борбите на периферијата на Киев ние знаеме само дека се активности на руски специјални сили. Оклопните колони борбени возила за кои се наведува дека слегуваат од Белорусија и од север за да го опколат Киев се уште се далеку, тие се задржани од овој неверојатен украински отпор“, вели Хипи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски

Путин: Ги повлековме силите од областа Киев, иако знаевме дека можат да не измамат

Катерина Ѓуровски

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он