Макрон: Оваа војна ќе трае

Од:

Светот мора да се подготви за долга војна меѓу Русија и Украина откако Москва започна инвазија врз својот прозападен сосед, предупреди денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

„Ако можам да ви кажам една работа утрово, тоа е дека оваа војна ќе трае“, рече Макрон на годишниот саем за земјоделство во Франција.

„Оваа криза ќе потрае, оваа војна ќе трае и сите кризи што доаѓаат со неа ќе имаат трајни последици“, додаде Макрон, предупредувајќи: „Мораме да бидеме подготвени“.

Макрон ја прекина посетата на саемот за земјоделство, обично еден од главните настани на францускиот политички календар, со цел да се врати на справувањето со кризата предизвикана од руската инвазија.

– Војната се врати во Европа, ова беше избрано еднострано од претседателот (Владимир) Путин, со трагична хуманитарна ситуација, (украински) народ кој дава отпор и Европа која е таму и се спротивставува на страната на украинскиот народ, нагласи рече Макрон.

Со оглед на тоа што војната и санкциите против Русија ризикуваат штета на одредени сектори во Франција, особено винската индустрија, Макрон вети „план на издржливост“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Украина транспортирала околу 11,36 милиони тони руска нафта преку нафтоводот Дружба во 2024 година

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

„Нуклеарна сила да му прави отстапки на Киев, тоа никој не го разгледува“, Медеведев за германското сценарио за Украина

Катерина Ѓуровски