Висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски објави порака, два дена по почетокот на руската инвазија.
„Не мислам дека по ова што се случува сега, Украина има слаби позиции“, рече Микаило Подолиак, говорејќи на националната телевизија.
„Дури и да започне преговарачкиот процес – и тој ќе започне – Украина ќе постави услови“.
Портпаролот на Зеленски, Сергеј Никифоров, доцна синоќа рече дека Украина „била и останува подготвена да разговара за прекин на огнот и мир“.
Неговите коментари следат по рускиот предлог да се испратат претставници во белорускиот главен град Минск да разговараат со Киев.