Турскиот претседател Абдула Ѓул изјави дека Турција сака да се вклучи во стратегијата за изнаоѓање излез од кризата во Египет.
– Турција сака да придонесе за развој на стратегија за решавање на египетската криза, во која сите земји ќе можат да учествуваат, истакна шефот на турската држава.
На почетокот на неделава Ѓул беше домаќин на делегација на Арапскиот совет за меѓународни односи во Истанбул, а за време на средбата е разговарано и за настаните во Египет и Сирија.
Турскиот претседател нагласи дека е важно да се направат напори од сите земји за враќање назад на демократскиот процес во Египет.