За што не смеете да му се правдате на партнерот?

Од:

Оправдувањата се сосема прифатливи кога свесно знаете дека негде сте погрешиле и тоа не намерно. Но, многу жени користат оправдувања кои едноставно нема зошто да ги користат, бидејќи ништо погрешно не направиле. Најчесто зад таквата тенденца се крие несигурност во самата себе, но и во релацијата со апртнерот која би тербалода се заснова на искреност.

На многу жени им се случува да го изгубат идентитетот кога ќе влезат во врска. Сè што биле до тогаш, престануваат да бидат и целосно му се посветуваат на мажот со кого се во врска.

Во ред е до некаде да направите компромис заради желбите и потребите на партнерот, никогаш до крај немојте да отстапувате од своите принципи, ниту да се извинувате и правдате за некои работи:

Заради својот успех

Извини што завршив факултет, што сама се вработив во добра компанија и што заработувам подобро од тебе. Вакво нешто никогаш не смее да излезе од вашата уста.

Заради тоа што не готвите како неговата мајка

Не сте совршени во кујната? Па што! Ако му е побитно како готвите од она што сте вие самите, не ви е потребен. Ќе најдете некој кој потполно ќе ве прифати без да наоѓа забелешки на сè.
Заради тоа што барате објаснување за неговото глупаво однесување
Тој попрво би го премолчил тоа и би посакал да се заборави, но не дозволувајте така да се извлече.

Затоа што сте секогаш средена

Постојат и такви мажи кои не сакаат нивните жени постојано да се средени од глава до пети. Сеедно, нека замолчи и нека се радува што нашол девојка која се грижи за себе.

Со колкумина сте биле пред него

Вашето љубовно минато би требало да остане вечна мистерија за него, но ако веќе инсистира да знае, тогаш нема право да коментира, а вие не би требало никогаш да се правдате за тоа.
Затоа што сте излегле без него…

…И сте си поминале одлично и без него!

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ