Филе и Тадиќ меѓу кандидатите за иден шеф на Советот на Европа

Од:

Меѓу кандидатите за нов генерален секретар на Советот на Европа (СЕ) кој ќе се избира во 2014 година е и чешкиот еврокомесар Штефан Филе, пишува редакцијата на порталот „Еуроактив“, јави дописникот на МИА од Прага.


Актуелниот шеф на Советот на Европа Торбјорн Јагланд, кој на функцијата беше избран во 2009 година, претходно најави дека нема намера повторно да се кандидира и според дебатите во игра се пет кандидати.


Освен името на Филе, кој е поранешен амбасадор на НАТО и министер за европски прашања во чешката Влада на премиерот Јан Фишер, како кандидат се споменува и долгогодишниот премиер на Луксембург, Жан-Клод Јункер.


Јункер беше еден од „најжешките“ кандидати за постојан претседател на Европскиот совет, позиција која ја доби Херман Ван Ромпуј.


Јункер си замина од премиерската функција поради скандал со разузнавачките служби во неговата земја, поврзан со прислушување на високи функционери и проневера на државни средства.


Според „Еуроактив“, меѓу кандидатите е и претседателот на Парламентарното собрание на СЕ, Жан-Клод Мињон и поранешниот српски претседател Борис Тадиќ.


Според достапните информации, европските либерали ја поддржуваат германската министерка за правда, Сабине Лојтхојзер Шнаренбергер, но според анализите нејзините шанси за оваа функција се мали.


Советот на Европа е меѓувладина организација, со седиште во Стразбур, која е потполно независна од ЕУ и во моментов здружува 47 европски земји. Се занимава со поддршка и соработка во областа на правните норми, човековите права и демократскиот развој и културна соработка.

Би можело да ве интересира

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ