Централната банка на Русија се подготвува да ја поддржи финансиската стабилност

Од:

Руската централна банка денеска соопшти дека е подготвена да ги преземе сите неопходни мерки за да обезбеди финансиска стабилност во контекст на ескалацијата на тензиите меѓу Западот и Русија околу Украина и падот на рубљата.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ги призна проруските сепаратистички региони Доњецк и Луганск како независни држави, чекор кој Западот веднаш го осуди.

Во такви околности, руската рубља остро ослабна во однос на доларот, накратко допирајќи го најниското ниво во речиси две години, од 80,97 рубљи за долар. Потоа малку закрепна, зајакнувајќи за 0,7 отсто во однос на вчерашниот крај на тргувањето, па еден долар чинеше околу 79,24 рубљи.

Остриот пад на руската валута, од околу 70 рубљи за долар пред само четири месеци, се очекува да ја поттикне постојано високата инфлација, што ги загрижува Русите бидејќи значи пад на животниот стандард.

„Централната банка на Русија го контролира развојот на ситуацијата на финансискиот пазар и е подготвена да ги преземе сите неопходни мерки за поддршка на финансиската стабилност“, се вели во денешното соопштение на Банката.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски