Шест експлозии одекнаа денеска во центарот на градот Доњецк, во источна Украина, што е под контрола на проруските сили, јавија британските медиуми.
Агенциите јавуваат дека не е познато што е причината за експлозиите.
Неименуван дипломатски извор претходно изјави дека и натаму продолжуваат меѓусебните гранатирања на линијата на контакт меѓу силите на украинската Влада и проруските сили во источна Украина.
Извор: МИА