Во САД се слави Денот на претседателите

Од:

Државниот празник Ден на претседателите во САД традиционално се одбележува во третиот понеделеник од февруари.

Овој месец се родени двајцата најистакнати претседатели на земјата, Џорџ Вашингтон и Абрахам Линколн.

Празникот обично се одбележува со настани во престолнината Вашингтон и низ целата земја. За вработените во државните органи денот е неработен, како и за училиштата, додека фирмите или рестораните предлагаат интересни специјални распродажби и понуди.

Празникот потекнува од 1880-те години кога започнало да се одбележува Денот на раѓањето на Џорџ Вашингтон, првиот претседател на САД и главниот командант на Континенталната армија за време на американската револуција. Празникот оттогаш се одбележува на федерално ниво.

Конгресот на САД во 1968 година го усвои законот за униформен празничен понеделник (Uniform Monday Holiday Bill), според кој неколку федерални празници се споија во еден ден. За време на расправата беше предложено празникот Ден на раѓање на Вашингтон да се преименува во Ден на претседателите во чест на родендените на Вашингтон (22 февруари) и Линколн (12 февруари).

Денот на раѓање на Линколн дотогаш се одбележувал во повеќе сојузни држави но не бил федерален празник. Во 1971 година по стапувањето во сила на предлог законот, празникот Ден на претседателите е прифатен на национално ниво поради блискоста на датите на раѓање на двајцата најистакнати претседатели на САД. Фирмите и трговските ланци пак го користит називот за да ги зголемат своите продажби.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес