Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ не добил виза за преку Приштина да лета со националниот тим за Грузија каде што треба да биде одигран следниот квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство во 2023 година.
Бајиќ ќе мора преку друга релација да патува до Истанбул.
„Јас во моментов се наоѓам во Скопје и едноставно сум шокиран од информацијата дека не ми е одобрен влез на Косово. Немам образложение зошто се случува ова. На Кошаркарската федерација на Македонија и беше направен голем проблем затоа што беа принудени да бараат алтернативни решенија за тоа како да дојдам до Истанбул за да се состанам со репрезентацијата. Проблемот е решен со тоа што нема да одработам тренинг со тимот бидејќи ќе морам порадо да тргнам“ – вели Бајиќ во изјава за босанските медиуми.
Драган Бајиќ е од Босна и Херцеговина. Тој е тренер на Игокеа.
Македонската кошаркарска репрезентација денеска вечер ги почнува мини подготовките за двомечот против Грузија.