Студентка и самохрана мајка од Акрон, Охајо проси на улица, но не за храна, туку затоа што многу сака да собере пари за операција за зголемување на градите.
Криси Ленс бара пари облечена во градник, гаќички и чизми, а во раката држи знак на кој пишува „Не сум бездомничка, ми требаат поголеми гради“.
За во случај нешто да тргне на лошо, со неа е нејзиниот чувар.
Таа треба да собере околу пет илјади долари и вели дека верува оти ќе ги собере парите, зашто за два часа, колку што стои на улицата, „заработила“ 46 долари.