Во рација на ФБИ во 76 американски градови уапсени се 150 макроа, а ослободени се 105 деца кои биле сексуално злоставувани.
Најмладото дете имало 13 години и се проституирало на различни локации – на паркинзи за камиони, казина, мотели, а нејзините услуги биле нудени на социјалните мрежи и на интернет реклами.
Ова е најголемата акција на ФБИ во ослободување на деца кои биле сексуално злоставувани.
Од 2003 година досега во слични акции се спасени 2.700 деца.