Родителите честопати се во дилема дали цртаните филмови имаат негативно влијание врз нивните деца. Едно поново истражување покажува дека анимираните филмови со агресивна содржина може да предизвикаат насилни реакции кај децата.
Група истражувачи од Универзитетот во Вашингтон изработија студија насловена „Кога телевизијата е родител“. Тие го истражувале влијанието на цртаните филмови со насилна содржина врз однесувањето на детето.
Истражувањето е спроведено на повеќе од 500 семејство со деца меѓу три и пет години. Истражувачите ги поделиле во две групи. Децата во првата група продолжоле да гледаат цртани филмови, кои имаат елементи на насилство, а децата во втората група гледале ненасилни и едукативни цртани филмови.
Родителите по шест месеци требале да одговарат дали нивните деца манифестираат какво било агресивно однесување, како на пример дерење, туркање, уништување на предмети.
Исто така биле следни и позитивните форми на однесување, како што се соработка, делење, чувствителност за проблемите на другите.
Резултатите покажале дека децата, кои гледале образовни и ненасилни цртани значително повеќе се социјализирааат, додека децата кои гледале цртани со насилна содржина често пати манифестирале знаци на агресија.
Истражувачите ги советуваат родителите посериозно да посветат внимание на содржините, кои децата ги гледаат на телевизиите. Најмладите учат многу работи од медиумите, го имитираат тоа што го гледаат и слушат. Тие се идентификуваат со ликовите, дури и со тие од цртаните филмови, предупредуваат експертите.