Во пожарот што денеска избувна во центарот на Барселона повредени се најмалку девет лица, од кои едно е во критична состојба, соопшти шпанската служба за итни случаи.
Каталонската телевизија прикажа снимка, направена со мобилен телефон, на која се гледа како едно лице скока од прозорец на третиот кат на душеците што биле поставени на тротоарот за да го ублажат ударот, објави АП.
Локалните медиуми објавија дека најмалку уште едно лице морало да скокне за да избега од пожарот.
Barcelona fire: Shock moment hotel guests forced to jump from windows to escape flames https://t.co/HinMIS9Xch
— Daily Express (@Daily_Express) February 12, 2022
Од Брзата помош велат дека покрај еден маж кој е во критична состојба, уште две лица се во тешка состојба. Полицијата ги истражува причините за пожарот.