Четврти ден на Пивофест во Прилеп се сумираат впечатоците и ефектите од третиот ден, за кој градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески вели дека ги урнал досегашните рекорди.
Испиени се 110 тони пиво, изедени се 39 тони скара, од цела Македонија и регионот дојдоа луѓе со 25 илјади возила, а вкупно 130 илјади луѓе уживаа во добра музика и пиво.
Луѓето од комуналната хигиена добро си ја завршија работата и денеска се е подготвено за четвртата вечер.
Вечерва гостите ќе ги забавуваат Биоритам, Петар Грашо и ѕвездата на вечерта Лепа Брена. Се очекуваат и ВИП гости, а за вчерашниот инцидент на Џеј Рамадановски Ристески вели дека тие само ги канат ѕвездите, а сепак до нив е како ќе се однесуваат.
За Џеј вели дека е специфичен пеач кој има љубители