Руските власти доделија стотици милиони долари помош за справување со штетите од поплавите во Краснодарскиот регион, изјави губернаторот на регионот Александар Ткачов.
Девет милијарди рубљи, односно околу 275 милиони долари ќе бидат доделени за обнова на градот Кримск, кој беше најсилно погоден од катастрофата, и за околните региони. Многу домови се оштетени и голем број жители се уште немаат пристап до чиста вода за пиење.
Во минатонеделните поплави животот го загубија 172 лица, а без покрив над глава останаа околу 30.000 луѓе.