Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 58-годишниот Д.Ј. од општина Центар Жупа, информира МВР.
Тој, во својство на вработен во подружница на АД „Пошти“, во три различни временски периоди, од трансакциска сметка на починато лице, неовластено присвоил парични средства во вкупен износ од 220.000 денари.