Во организација на Едриличарската федерација на Македонија и ЕК Бофор – Охрид, викендов во охридскиот залив се одржа државното првенство во едрење во класа Оптимист на кое доминантни беа едриличарите на ЕК Снегар – Струга.
Регатата помина во идеални услови, беа одржани четири трки на кои се постигнаа следниве резултати: Државен првак стана Симон Гучески од ЕК Снегар Струга, второто и третото место им припадна на Игор Каневче и Иво Илинчев, двајцата од ЕК Бофор Охрид. Во женска конкуренција прва на целта пристигна стружанката Илина Прентоска, потоа Емилија Јовческа и Тања Милошеска, сите од ЕК Снегар Струга.
Во конкуренција до 12 години, со првото место се закити охриганецот Огнен Секулоски втор беше Илија Јовчески додека со третото место се закити Слободан Кутаноски.
Управата од струшкиот клуб не го крие задоволството од постигнатиот резултат и се задоволни од домаќините кои се потрудија првенството да помине безпрекорно и во најдобар ред.
Селекторот на македонската репрезентација Драган Ќелешоски и претседателот на ЕФМ Стефан Ставрев ја нагласија потребата за повеќе заеднички тренинзи на нашите најмлади спортисти со цел на нивно унапредување за што подостојно представување на македонското едрење надвор од нашите граници.
Наредна активност на ЕФМ и ЕК Бофор е организација на традиционалната меѓународна илинденска регата која ќе се одржи во Охрид од 1-ви до 4-ти Август.