ФОТО: Второ државно првенство во едрење

Од:

Денеска во Струга, на водите на Охридското езеро во организација на ЕК Снегар – Струга и ЕФМ, се одржа второто државно првенство во класата Ласер радиал и критериумска регата во класата Оптимист. На регатата зедоа учество 20 едриличари на возраст од 12 до 19 години и тоа од клубовите ЕК Снегар – Струга, ЕК Пират – Охрид и ЕК Бофор – Охрид.

edrenje-dr-prvenstvo2 (2)

Државен првак во класа Ласер радиал стана Ердал Лушо од Струга, Димитар Поп Стефанија од ЕК Пират го освои второто место, додека третото место му припадна на Агим Фејзулоски.

На критериумската регата во класа Оптимист, прво место освои Илче Грунче, втор беше Игор Каневче, а трет Иво Илинчев, сите од ЕК Бофор.

edrenje-dr-prvenstvo2 (3)

Во женска категорија во класата Оптимист прва пристигна на целта Емилија Јовческа, втора Александра Милошоска, а трета беше Александра Златеска, сите од ЕК Снегар Струга.

Би можело да ве интересира

Одржано Државно првенство во едрење

Ана Ололовска

Едриличарска регата – Охрид 2017

Ана Ололовска

ФИРОМ, а не Македонија да биде организатор на Балканското првенство во едрење во Охрид

Ана Ололовска

ФОТО: Балканско првенство во едрење во Охрид

Ана Ололовска

ФОТО: Балканската едриличарска елита од 4. до 7. септември на Охридското Езеро

Ана Ололовска

ФОТО: Државно првенство во едрење во класа Оптимист

Ана Ололовска