Најмалку пет лица загинаа при уривање на илегален рудник за јаглен во источна Индија

Од:

Најмалку пет лица загинаа при уривање на напуштен рудник во источна Индија каде што се врши нелегално ископување јаглен, соопшти денеска полицијата.

Телата на четири жени и еден маж се пронајдени по вчерашното уривање на рудникот, изјави полициски претставник.

Спасувачите се уште трагаат, бидејќи е можно да има уште луѓе под урнатините во рудникот во Данбад, рударска област во индиската држава Џарканд.

Рудникот е напуштен пред 15 години, меѓутоа луѓето продолжуваат да ископуваат јаглен под небезбедни услови во него и во неколку други помали рудници во источна и североисточна Индија.

За време на ваквите ископувања често се случуваат несреќи. Минатата година шест рудари загинаа во напуштен рудник за јаглен кој се урна во државата Мегалаја.

Во 2018 година, 15 рудари загинаа во рудник во истата земја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени