Еден 60-годишен Австриец уби двајца членови на семејството веднаш откако повикал полиција, а потоа се самоубил.
Како што соопштија денеска надлежните служби, 60-годишникот го пријавил делото во телефонски повик до полиција.
Полицајците, иако стигнале многу брзо на местото на злосторството во јужниот град Грац, сепак било предоцна.
Тие во стан ги пронашле телата на 58-годишниот брат на убиецот, неговата 81-годишна мајка и телото на јавувачот.
Според првичните сознанија, двајцата браќа живееле заедно со нивната мајка во станот.
Сè уште не се јасни точните околности и мотивот за злосторството.
Извор: МИА