Владата на Велика Британија размислува како повторно да го интензивира воениот ангажман во БиХ, објавија „Независне новине“, повикувајќи се на Амбасадата на таа земја во БиХ.
„Велика Британија останува силно посветена на безбедноста и стабилноста на БиХ и на целиот Западен Балкан. Иако немаме планови да го зголемиме нашето присуство во мировната операција, ние бараме начини да го зајакнеме нашиот воен ангажман во БиХ, вклучително и билатерално и преку Главниот штаб на НАТО во Сараево“, се наведува во соопштението од Амбасадата.
Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас, во неделата изјави дека „Русија ги загрозува безбедноста, мирот и стабилноста во Европа“, наведувајќи ја како пример руската активност во Украина и на Западен Балкан.
Извор: МИА