Поројните дождови во северозападна Кина, регион кој претходно беше погоден од земјотрес, предизвикаа појава на лизгање на земјиштето, при што загина најмалку 21 лице, додека четворица се сметаат за исчезнати.
Јужно од градот Дингси се појавија повеќе лизгања на земјиштето, каде после земјотресот кој го погоди овој град во понеделникот, 95 лица загинаа, а петмина се сметаат за исчезнати.
Девет села кај градот Тианшуи од утрово целосно се отсечени од остатокот на земјата. Електричната и телекомуникациската мрежа се во прекин, а патиштата се блокирани.