Зад затворените врати на хотелот „Мареа“ во Неум утринава почнаа преговорите за измена на Изборниот закон во БиХ, а се треба да биде завршено најдоцна до недела, за кога е најавено заедничко соопштение за медиумите, јавија сараевски медиуми.
Ова е, се наведува, последна шанса да се дефинираат одредени работи и да се задоволат апетитите на сите страни во преговорите.
Настанот го покриваат голем број медиуми, а дали овие преговори ќе завршат со договор, односно „Неумски договор“, ќе се знае најрано в сабота навечер, а најдоцна в недела.
Извор: МИА