Притвор за 19-годишник од Дреново, осомничен за полов напад врз сопствената малолетна сестра

Од:

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишен жител на селото Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, известува Обвинителството.

Како што соопштува Обвинителството, осомничениот искористил момент додека бил сам во домот со неговата 11-годишна сестра, па врз неа извршил други полови дејствија.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, информира Обвинителството.​​

Би можело да ве интересира

Хорор во дебарско: Жена грабната од дома, претепана и силувана

Скопјанец пријави дека 18 годишник ја обљуби неговата малолетна ќерка

А1он

Обезбедувач во Загреб силувал азилантка од Киргистан

31-годишен скопјанец силувал деветгодишно девојче

Славонец пред истражителите призна дека силувал овца, кобила и мртва кокошка

Уапсен е 17 годишник во Ниш под сомнение дека силувал 14 годишно девојче

А1он