Во Сараево денеска продолжија разговорите меѓу меѓународните претставници за реформа на изборното законодавство во БиХ.
Разговорите меѓу Метју Палмер, американски претставник за изборните реформи во БиХ, и Анџелина Ајхорц, претставник на Европската служба за надворешни работи, продолжија со членовите на Меѓуресорската работна група за измени на изборното законодавство на Босна и Херцеговина во Парламентарното собрание на БиХ.
Нова рунда разговори почна вчера по празничната пауза со членовите на колегиумот на двата дома на Парламентот на БиХ.
Палмер и Ајхорц вчера разговараа за изборното законодавство со политичките претставници на Република Српска, Милорад Додик, Петро Ѓокиќ, Недељко Чубриловиќ и Ненад Стевандиќ.
Средба се одржа и со опозицијата од Република Српска, а денот заврши со разговор со Бакир Изетбеговиќ, лидерот на СДА и Драган Човиќ, претседателот на ХДЗ.
Извор: МИА