Се бара дисциплинска против црногорска новинарка која оправда насилство врз жени

Од:

Новинарката Јована Божариќ – Станишиќ во утринска програма на РТЦГ на тема насилство врз жените, изјави дека тие понекогаш сами го предизвикуваат мажот „да се однесува како што не треба“, јави „вијести.ме“.

Таа го кажа ова во разговор со координаторката на СОС телефон, Билјана Зековиќ.

– Не мора секогаш да биде така како што наведовте во примерот. Сакам да кажам, постои и друга страна. Јас се водам според тоа, дека жената, кога е моментот нешто да избегне или да не каже за да не ја испровоцира другата страна, треба да прекине. Има жени кои не прекинуваат, навистина ги има, изјави Божариќ – Станишиќ.

Видео од изјавата на новинарката се прошири на социјалните мрежи. Генералниот директор на Радио телевизија на Црна Гора, Борис Раониќ порача прилогот да се испрати до народниот правобранител на РТЦГ „за да можеме да започнеме процедура“.

Поранешниот член на Советот на РТЦГ и активист за човекови права, Бојана Јокиќ смета дека стандардите и принципите бараат избалансираност, а дека во прилогот може да се види обид за оправдување на насилство.

Меѓудругото, таа пишува дека „единствено што гледам е тоа дека водителката се обидува да оправда насилство со вообичаената мизогинска реторика што сугерира дека жените се виновни за насилството врз нив, бидејќи тие го предизвикуваат“.

– Барам од Советот и раководството на РТЦГ, во склад со пропишаните процедури, да започнат дисциплинска постапка против одговорната и јасно да застанат во заштита на жените и со тоа да ни покажат дека имаме сојузници во јавниот сервис на Црна Гора, додава Јокиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски