Германскиот парламент ќе разговара за состојбата во Босна и Херцеговина

Од:

Во германскиот парламент – Бундестагот утре ќе се разговара за Босна и Херцеговина. Свое обраќање ќе има и високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, кој ќе извести за состојбата во државата.

Расправата доаѓа токму сега, кога се очекува конкретна реакција од Берлин на деструктивните сили во Босна и Херцеговина, а откако САД почнаа со воведување санкции кон поединци и кон компании во земјата.

Новата германска влада неодамна ја повика Европската унија да воведе санкции за Милорад Додик, поради неговите сецесионистички политики и одлуката за повлекување надлежности од државно ниво.

Шмит во интервју за Пионер предупреди на раскол во Босна и Херцеговина.

– За да спречиме моменталната ситуација да се претвори во конфликт, во кој луѓето пукаат едни на други, мораме јасно да кажеме: државата не смее да се дели и таа мора да функционира, изјави Шмит.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски