Безживотното тело на припадник на меѓународните сили во БиХ – ЕУФОР, денеска е пронајдено во куќата во која живеел во источниот дел на Сараево.
По надворешниот преглед на телото на странскиот државјанин, како што јави агнецијата Фена, било утврдено дека нема траги на насилство.
Телото е пронајдено од страна на полицијата која дошла во куќата, откако починатиот неколку дена не се појавил на работа.
Засега не е познат идентитетот на починатиот, а повеќе детали ќе бидат соопштени по извршената аутопсија.