Дипломиран адвокат испрати невообичаена пријава за работа во една компанија, објави поррталот „Гокер“.
Брајан Залберт, не сакал да ја „затрупува“ компанијата со мејлови за информации за себе како што тоа вообичаено се прави, туку напишал само една порака дека бара работа и да го контактираат доколку се заинтересирани.
Одговорниот во компанијата го заинтересирала ваквата „пријава“, па решил да го „изгугла“ потенцијалниот иден вработен, што го довело до изненадуваќи сознанија, наведува порталот.
Имено, според „Гокер“, на својот отворен профил на една социјална мрежа, Брајан има поголем број фотографиии на кои сам се сликал по долна облека како се врти во кревет и како позира пред огледало.
Но, најинтересна сепак била главната фотографија на профилот на која Брајан стои пред огледало само со по боксерки, а на огледалото е залепена неговата „пријава за работа“ напшана во разни бои и со неколку правописни грешки.