Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтерова скала денес го погоди островот Вануат, соопшти Американскиот геолошки завод и додаде дека не очекува цунами.
Епицентарот на земјотресот бил 48 километри североисточно до Луганвил, на длабочина од 135 километри. За сега нема податоци за евентуални жртви, ниту пак е направена поголема материјална штета.
Вануат е често погоден со земјотреси, бидејќи се наоѓа во зона на сеизмолошки активности на Пацификот.
Елена Георгиевска