Најмалку тројца морнари загинаа во експлозија на брод на индиската воена морнарица, на пристаниште во Мумбај

Од:

Најмалку тројца морнари загинаа во експлозија во брод на индиската морнарица, соопштија денеска претставници на индиското Министерство за одрана, пренесе ДПА.

-Експлозијата се случила вчеравечер на бродот „ИНС Ранвир“, на пристаништето во Мумбај и во моментов се истражуваат причините за инцидентот, изјави портпаролот на морнарицата.

Портпаролот додаде дека екипажот на бродот веднаш реагирал за да ја стави ситуацијата под контрола и не била регистрирана поголема материјална штета.

Владини извори за индиските медиуми изјавија дека експлозијата, што се случила во внатрешен оддел на бродот, немала никаква врска со оружје или муниција.

„ИНС Ранвир“ е меѓу најстарите воени бродови на индиската морнарица, јавија домашните медиуми. Бил изграден во поранешниот Советски Сојуз и пуштен во употреба во индиската морнарица во април 1986 година.

Командантот на индиската морнарица, адмирал Р Хари Кумар, им изрази сочувство на семејствата на морнарите кои загинаа во инцидентот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени