Најмалку 10 лица загинаа во пожар во дом за стари лица, на североисток на Кина.
Постои сомнеж дека пожарот го подметнал корисник на домот, бидејќи сметал дека некој го поткрадува.
Властите од градот Хаилун наведуваат дека пожарот избил во раните утрински часови и дека истрагата е во тек.
Околу 283 пензионирани земјоделци биле корисници на домот во Хаилун, кој се наоѓа во провинцијата Хеилондијанг, на околу 650 километери североисточно од Пекинг.
Елена Георгиевска