Едно лице загина во експлозија на возило на улицата Партизански пут во Подгорица, јавуваат локалните медиуми.
Ова за „Вијести“ го потврдиле од Полициската управа.
Безбедносната институција не го соопштила идентитетот на загинатиот во експлозијата што се случила околу 10 часот.
Според некои информации, убиениот е Јасминко Шаховиќ за кога црногорските медиуми пишуваат дека е наводно член на кланот Шкаљар.
Исто така според неофицијални информации, Шаховиќ е жртва на судирот меѓу которските кланови.