ВМРО-ДПМНЕ: Двојно поскапиот гас во Струмица е показател за фијаското на заевизмот во енергетиката

Од:

„Македонија е во тешка енергетска криза заради неспособноста и неодговорноста на заевизмот. Бидејќи заевизмот пет години потроши на корупција и криминал и не успеа да ја гасифицира Македонија, денес граѓаните на Струмица плаќаат двојно поскап гас. Не е доволно што Струмица е град со најзагаден воздух неколку денови, па уште и неуспешната гасификација на Заев сега граѓаните ќе ја плаќаат по двојно поскапа цена. Очигледно бизнис интересите на заевизмот се поважни од стандардот на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително, додека сите сериозни држави во текот на летото и есента преговараа и договорија поевтин гас за граѓаните, Заев и заевизмот беа зафатени со партиските интереси. Ете затоа струмичани сега плаќаат скоро 100% поскап гас.

Поскапениот гас за граѓаните во Струмица е целосен показател на фијаското наречено заевизам“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС