Новак Ѓоковиќ ја напушти Австралија. Авионот од Мелбурн за Дубаи со мало задоцнување полета од аеродромот.
Novak Djokovic filmed at Melbourne Airport after losing his judicial review against the cancellation of his Australian visa. The tennis star has left the country on a flight to Dubai | https://t.co/hVG3N5WWJy pic.twitter.com/h1qkBepHkx
— RTÉ News (@rtenews) January 16, 2022
Ова е исходот од 11-дневната сага во која Ѓоковиќ водеше борба со австралиската влада околу визата за престој во земјата. Конечната одлука ја донесе утрово судот кој ја отфрли жалбата на Ѓоковиќ на решението на министерот за имиграции да му ја укине визата.
Со оглед на должината на летот од Мелбурн до Дубаи, а потоа и трансферот за Белград се очекува во Србија да пристигне утре претпладне.